Нугат корпици
Состојки
- За белите корпици
- 200 гр бел еурокрем
- 200 гр бело чоколадо
- 2 лажици масло за јадење
- 150 гр толчени и мелени лешници
- За црните корпици
- 200 гр кафен еурокрем
- 200 гр црно чоколадо
- 2 лажици масло за јадење
- 5-6 чоколадни бананчиња
Подготовка
Подготовка
1. Во сад на пареа се растопуваат белиот еурокрем со маслото за јадење и белото чоколадо. На крај се додаваат лешниците и смесата со мало лажиче се става во најмали хартиени корпи. Може за декорација да се наросат со малку сецкани лечници (јас овој пат немав доволно на залиха од лешниците за тоа)
2. Во сад на пареа се растопуваат црниот еурокрем со маслото за јадење и црното чоколадо. Во секоја книжна корпа се става мало парче чоколадно бананче и врз него се полева со кафената смеса со мало лажиче-исто како и белите корпици
И едните и другите се оставаат да се стегнат околу половина час