Испечати

Брза салата со макарони и пилешко месо

Брза салата со макарони и пилешко месо

Состојки

  • 250 гр ситни макарони
  • 300 гр варено пилешко месо
  • 8 кисели краставички
  • 5 моркови (варени 7-8 минути)
  • 3 лажици мајонез
  • 200 гр павлака

Подготовка

Оваа салата е многу брза и лесна за подготовка, совршена за деновите кога немам многу време за готвење.

Во сад се ставаат претходно сварените макарони и се додаваат ситно сецканото пилешко месо, киселите краставички и морковите исечени на мали коцки, мајонезот и павлаката и се заедно се меша.