Кокос колачи (посно)
Состојки
- 200 мл млеко/вода
- 250 гр шеќер
- 125 гр путер/маргарин
- 200 гр кокосово брашно
- 200 гр желе бонбони сецкани
- 500 гр мелени бисквити
Подготовка
Во подлабоко тенџере на оган се става мелкото и шеќерот да се стопи. Се додава маргаринот, кокосот, желе бонбоните и мелените бисквити. Сето се меша во тврда смеса која потоа се става во калап обложен со најлонска фолија. Jас ги користев старинските метални калапи во форма на пирамида. Може формата на калапот да биде по ваш избор, а од смесата можат да се направат и бомбици. Се остава неколку часови во фрижидер убаво да се стегне, а потоа се селчат парчиња во форма на триаголници.
Ако ви требаат посни колaчи тогаш путерот замете го со маргарин, а млекото со вода.