Видео рецепт: Највоздушести американски палачинки
Состојки
- 1 + 1/2 шолја брашно
- 2 лажички прашок за печиво
- 2 лажици шеќер
- прстофат сол
- 1 јајце
- 1 шолја млеко
- 1 лажичка ванила екстракт
- 20 мл. вода
- 40 гр. путер
Фичо ќе подготви највоздушести американски палачинки, идеални за појадок или ненајавени гости.
Подготовка
Чекор 1: Брашното просејте го во садот за матење. Додадете ги и останатите состојки и матете со жица додека смесата не се соедини.
Чекор 2: Печете на средна температура по една минута од секоја страна.
Чекор 3: Филувајте и сервирајте!
СОВЕТ: За декорација може да користите карамел прелив, шумско овошје и листови од бадеми.