Карамел обланди со ореви
Состојки
- 1 пакување обланди
- 1л. млеко масл.(3,2)
- 900гр. шеќер
- 300гр. мелени бисквити
- 100гр. ореви
- 250гр. путер
Подготовка
Во касерола ставете го млекото и шеќерот да зовријат,намалете и оставете околу еден час на тивко да вријат.Одвреме навреме промешувајте и никако не ја зголемувајте температурата.По еден час тргнете го карамелот додадете го путерот мешајте додека не се растопи.Во филот додадете ги мелените бисквити и ореви промешајте и веднаш започнете со филување.
Обландите филувани превртете ги и потиснете ги со некоја тава убаво да се слепат.
Добар апетит!!!