Видео рецепт: Пилешко во сос од ореви
Состојки
- 50 гр. ореви
- 1 лажица сусам
- пилешки стек
- сол, бибер и бел бибер
- 30 гр. путер
- 1 лажица брашно
- 230 мл. млеко
- 1 лажица мед
- малку павлака за готвење
Фичо ќе подготви пилешко во необичен сос од ореви и мед, на кој никој нема да може да му одолее.
Подготовка
Чекор 1: Во мало тавче ставете ги оревите и сусамот да се потпечат.
Чекор 2: Пилешкиот стек исецкајте го на коцки, пропржете го на загреано масло и зачинете. Извадете го на страна и оставете да се олади.
Чекор 3: Во Нутрибулетот измелете ги оревите и сусамот.
Чекор 4: Во тавата од месото додадете го путерот, брашното и мелените ореви и сусам. додадете го млекото и мешајте додека не добиете сос кој наликува на бешамел. Додадете павлака за готвење, мед, сол и пилешкото месо. Оставете да се загрее до степен на вриење и тргнете од оган.
Чекор 5: Сервирајте!
СОВЕТ: Фичо предлага да го сервирате со вино Пино Ноар.