Крем супа
Состојки
- 1л вода
- малку масло за готвење
- 1 морков
- 1 компир
- 1 кромид
- 1 лажица мешан сув зачин
- 1 лажиче јадра сол
- 4 лажици тарана
- 2 лажици хељда
- 1 лажица киноа
- 6 лажици прашок за крем супа со мешан зеленчук и семиња
Подготовка
1. На маслото се запржува ситно ренданиот морков
2. Во ова се додава зовриената вода и во неа се додава целиот зеленчук да се свари
3. Сварениот зеленчук се пасира во Чоперот Делимано и се враќа повторно во супата
4. Се додава во супата што врие 6 лажици од прашокот за супа кој содржи и хељда, просо и киноа
5. Откако ќе поврие и малку се згусне, се додава тараната и се вари супата уште десетина минути
6. Се служи со лимонов сок