Испечати

Меко божиќно колаче

Меко божиќно колаче

Состојки

  • 100 гр путер
  • 2 јајца
  • 220 гр шеќер
  • 200 мл млеко или кисело млеко (јогурт)
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 1 до 2 лажочки цимет
  • 1 лажичка мелен ѓумбир
  • 1/2 лажичка кардемон
  • 1 лажичка мелено каранфилче
  • 210 гр брашно

Подготовка

Превкусно меко колаче.

1. Путерот се топи и се додават зачините.
2. Јајцата и шеќерот се бијат убава бела смеса. Се додава млекото и путерот со зачините.
3. Се додава брашното и бикарбоната. Се меша полека.
4. Се истура смесата во калап намрсен со путер.
5. Се пече на 180 степени од прилика 40 мин.