Паштета со семки од тиква
Состојки
- 100 гр путер
- 150 гр крем сирење
- 1 лажица сок од лимон
- 100 гр семки од тиква
- 2 чешниња лук
- 1 мало кромитче
- магдонос сол, бибер
Подготовка
Семките од тиква испржете ги на сува тава и посолете ги.
Путерот изматете го со крем сирењето па додајте го сокот од лимон, па многу наситно исечканите лук и кромид. Продолжете со матењето.
Половината од семките ситно изблендирајте ги, а во другата половина нека останат и покрупни парчиња.
Измешајте ги во смесата, зачинете со сол и бибер по вкус и додајте малку ситно исечкан магдонос.