Испечати

Пијалок со хељда и тиква (посно)

Пијалок со хељда и тиква (посно)

Состојки

  • 1 л вода или млеко за не посна варијанта
  • 3 големи лажици хељда
  • 3 големи лажици јачмен или овес (снегулки)
  • 1 голема лажица ленено семе
  • 3-4 парчиња аранчини или половина портокал
  • 100-150 гр тиква
  • 1/2 банана
  • 1 стапче цимет или половина голема лажица во прав
  • 50 гр ореви
  • 50 гр сончоглед

Подготовка

Во садот за блендирање ставете ги сите суви состојки, овошјето и половина од течноста. Течноста треба да е топла (речиси врела)
Блендирајте 2-3 минути, потоа додадете ја и останатата течност. Повторно блендирајте уште 2-3 минути.

Количините на пијалокот прилагодете ги според големината на вашиот блендер.

Аранчините ги приготвувам по рецепто на Љиља :) 

Пијалокот е готов.
На здравје :)