Сочен чоколаден колач
Состојки
- тесто
- 3 јајца
- 5 лажици шеќер
- 9 лажици млеко
- 2 лажици какао
- 6 лажици брашно
- 1 пециво
- 100 гр. чоколадо
- шербет
- 400 мл. млеко
- 3 полни лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- прелив
- 250 гр. маргарин
- 300 гр. чоколадо
- 3 јајца
- 140 гр. шеќер во прав
- 2 лажици рум
Подготовка
Ептен брзински колач, спојуван од две-три рецепти и излезе таманка.
Пенасто разматете ги белките со шеќерот. Постепено додавајте ги жолчките. Потоа млекото, а на страна размешајте го какаото со брашното и пецивото и додадете го во јајцата па убаво разматете. На пареа растопете го чоколадото и уште еднаш разматете со миксер. Ставете ја смесата на намастено долгнавесто тавче и оставете ја да се пече 15тина минути на 200 степени.
За тоа време подгответе го шербетот и посипете го додека сè уште е врело и тестото и шербетот.
Чоколадото растопете го со маргаринот и тргнете го на страна. На страна убаво разметете ги јајцата со шеќерот, а потоа варете ги на пареа, додека не се добие убав крем. На крај додадете го чоколадото и румот, па сè заедно изматете. Прелијте врз тестото и оставете го во фрижидер да се стврдне.
Забелешка - Можете додека се топи чоколадото да додадете и малку мед, за да не ви распукува при сечење.
Пријатен апетит. =)