Испечати

Банана леб

Банана леб

Состојки

  • 400гр брашно
  • 75гр путер
  • 250гр шеќер
  • 1 изматено јајце
  • 3 пасирани банани
  • 250гр суво грозје
  • 50мл млеко
  • 1 прашок за печиво

Подготовка

Во сад за матење се мати путерот и шеќерот.
Се додава јајцето, па бананите една по една.
Во садот се додава брашното, сувото грозје и млекото, се меша додека сите состојки не се соединат.
Смесата се става во калап за печење обложен со хартија.
Се пече 45мин на 180 степени.
Се остава да се излади па се послужува.