Испечати

Домашни плескавици за сендвичи

Домашни плескавици за сендвичи

Состојки

  • 600гр мелена телешка удина
  • 400гр свински пафлак, мелен
  • 1 главица сецкан кромид
  • 1/2 лажиче буковец
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче оригано
  • 1/2 лажиче црн бибер
  • 1/2 лажиче зачин
  • 1 лажица брашно
  • 50мл ладна вода
  • 100гр сецкана димена сланина
  • 80гр сецкан кашкавал
  • 1 јајце

Подготовка

Денешниот ручек.
Вкусни, домашно подготвени плескавици, испечени на скара, надополнети со помфрит, краставичка, кромид, кајмак .....скриени во топла лепиња и чаша вино.
Пожелно е месото од вечер да биде замесено, за да се спојат вкусовите.
Телешкото и свинското месо се соединуваат, се додава брашното, јајцето, ситно сецканиот кромид, зачините.
Убаво се меси со рака и постепено при месењето се додаваат тие 50 мл вода.
Се додаваат исечканата сланина и кашкавал.
Се покрива садот и се оставаа во фрижидер.
Пред употреба се дели месото на 5-6 поголеми топки и со намрсени раце се формираат плескавиците.
се печат на скара ( овој пат беше електрична, за побрзо и солидно се испекоа).
На лепињата се става кругови краставица, црвен кромид, плескавицата, врз неа лажиче кајмак, помфрит... и толку.
На здравје овој убав ручек
Пожелно е свинското месо да биде помрсничко, може да се користи и месо од ребрата.