Баунти мињони
Состојки
- 100 мл слатка павлака
- 250 гр путер
- 300 гр шеќер
- 250 гр кокос
- 100 гр желе бонбони
- За прелив
- 200 гр чоколадо
Подготовка
1. Слатката павлака, путерот и шеќерот се топат на огин (да не вријат)
2. Штом почне да зоврива се додава кокосот и се заедно се меша
3. Се додава ситно сецканото желе
4. Во сад на пареа се растопува чоколадото и со него се премачкуваат силиконските калапи ( два пати), еднаш се премачкуваат со четкичка, па се ставаат во ладилникот 15 мин да се стегне чоколадото, па се повторува уште еднаш истата постапка
5. Се полнат чоколадираните калапи со кокосовата смеса и се ставаат во фрижидер да се стегнат
6. На крај се дополнуваат калапите со чоколадо (за дното на колачите)