Тортелини во сос
Состојки
- 2 пакетчиња тортелини со сирење
- 300 гр мелено месо
- 2 млади кромитчиња
- 400 гр пелати (или некој погуст сос од домати)
- зачини мешан сув зачин, бибер, оригано
- 100 мл црно вино
Подготовка
Направете го сосот со тоа што најпрво ќе го запржите кромитчето, додајте го месото, нека се запржи малку, па додајте ги исечканите домати (пелати) или доматниот сос. Турете го и виното, зачинете и нека вари десетина минути додека се згусти.
Тортелините, сварете ги во посолена вода, па одозгора прелијте ги со сосот. Зачинете со рендан пармезан.