Испечати

Ролнички од готови кори

Ролнички од готови кори

Состојки

  • 500 гр готови кори
  • 400 гр изварка
  • 4 јајца
  • 1/2 кесичка пециво
  • 100 мл масло
  • 100 мл млеко

Подготовка

Изматете ги жолчките со изварката, 50 мл масло и 50 мл млеко.
Белките со малку сол посебно изматете ги.
Измешајте ги жолчките и белките да се добие кремаста смеса.
Секоја кора, превиткајте ја по должина три пати, премачкајте ја со смесата и пресечете ја на три еднакви дела. Од секој дел свиткајте ролничка.
Наредете ги на плехот, а пред печењето преачкајте ги со мешавината од преостанатото млеко и масло.
Одозгора наросете ги со сусам.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени.