Домашни јуфки во крем сос
Состојки
- 500 гр домашни јуфки
- 15 суви црвени пиперки
- 2 лажици масло
- 2 лажички сол
- по потреба вода
- 500 мл крем или течна павлака за тестенини
- 2 лажички куркума
- 2 лажички босилек
Подготовка
1. Во тенџере на оган се става вода, 2 лажички сол и 2 лажици масло. Откако водата ќе зоврие внатре се ставаат јуфките.
2. Црвените пиперки се чистат од семките и ситно се сецкаат па и тие се додаваат во тенџерето со јуфките.
3. Кога јуфките се варени се полеваат со крем или течна павлака за солени јадења, се зачинуваат со куркума и босилек, убаво се промешуваат и се тргаат од оган.
* Кога подготвувам поголема количина на јуфки ги варам во широко тенџере за да се убаво распоредени и да не се залепат во текот на варењето и со метална лажица одвреме-навреме поминувам од краевите на тенџерето кон средината.