Киндер торта
Состојки
- 16 белки
- 600 грама шеќер
- 4 лажици оцет
- 200грама ореви
- за крем
- 1килограм+1чаша млеко
- 10 лажици шеќер
- 3 пудинга од ванила
- 7 лажици брашно
- 16 жолчки
- 1,5 маргарин
- 600грама еуро крем
- 4 пакувања пишкоти
- 250 грама прав шеќер
- 200 грама чоколада
Подготовка
Се матат 8 белки со 300 грама шеќер пред крајот се додават 2 лажички оцет. Се посолуват 100 грама ореви врз хартијата за печење, се сипува беланецот и убаво се израмнува. Се пече на 150 околу 1 час. Се матат вакви 2 кори
За кремот
1 чаша млеко се мати со 16 жолчки, 3 пудинга од ванила, 7 лажици брашно. Смесата се сипува во завриено 1 килограм млеко со 10 лажици шеќер. Се мати смесата да се згусне и се остава да се олади. Кога смесата е оладена се соединува со 1,5 маргарин претходно изматен со 250 грама прав шеќер смесата се дели на 2 дела во едниот се додава 200 грама чоколада филување се става првата кора со оревите нагоре, се премачкува со 300грама еуро крем, жолтата крема, па 2 пакувања од пишкотите натопени во млеко, кафената крема, втората кора повторно се премачкува со остатокот еуро крем жолта кора, пак пишкоти, пак кафената крема одозгора декорација по желба