Рум бомбици
Состојки
- 2 белки
- 200 гр мелен орев
- 100 гр шеќер во прав
- 4 штангли чоколадо
- 2 лажици рум
- 100 гр сечкано суво грозје
Подготовка
Белтоците се матат заедно со шеќерот со миксер. Се додава мелениот орев постепено мешајки со шпатула. Потоа се додава стопеното чоколадо, румот и сечканото суво грозје. Се прават топчиња и се валкаат во кристал шеќер. На здравје!