Испечати

Шпагети во млечен сос со песто

Шпагети во млечен сос со песто

Состојки

  • 500 гр шпагети
  • 400 гр павлака
  • 300 мл млеко
  • 4 лажици песто сос
  • 150 гр сецкани ореви
  • 200 гр рендан пармезан

Подготовка

1. То тенџере на тивок оган се ставаат павлаката, млекото, песто сосот, оревите и пармезанот и убаво се меша додека состојките не се соединат.

2. Шпагетите се варат, се цедат и додека се топли се мешаат со сосот.

* За подготовка на песто сос во блендер се ставаат листови свеж босилек, лук, сол, мелени ореви и маслиново масло и се блендира неколку минути.
Секогаш кога ќе остане песто сос го замрзнувам и можам да го употребам кога и да ми затреба.