Брзи пирошки со павлака, кашкавал и печурки
Состојки
- Тесто
- 4 чаши брашно
- прстофат сол
- прстофат шеќер
- 1 лажичка квасец во прав
- 1 лажичка прашок за печиво
- 100 гр путер (исечен на коцки)
- 1 јајце
- 150 мл јогурт
- 100-150 мл вода (по потреба)
- по потреба масло
- Полнење
- по желба кашкавал
- по желба маринирани печурки
- по желба павлака
Подготовка
1. Во сад се ставаат сувите состојки (брашно, сол, шеќер, квасец во прав, прашок за печиво) и убаво се мешааат.
2. Потоа се додаваат коцките путер, јајцето, јогуртот, водата и масло (по потреба) и се замесува тесто.
3. Така добиеното тесто се дели на топчиња (со големина по желба).
4. На набрашнета површина со сукало се развлекува секое топче и се премачкува со павлака, се ставаат рендан кашкавал и печурки и се преклопува, а краевите се затвораат со прсти или со вилушка.
5. Пирошките се пржат во претходно згреано масло.
* Путерот треба да биде тврд за да може полесно да се исече на коцки и тоа му дава поинаква текстура на тестото (како лиснато).