Чоколадни вафли
Состојки
- 200 гр брашно
- 50 гр нишесте или густин
- 2-3 супени лажици какао
- 30 гр шеќер
- 1/2 кесичка прашок за пециво
- 3 јајца
- 75 гр путер (стопен)
- 300 мл млеко
Подготовка
Се става брашното, какаото и нишестето во подлабок сад. Се прави длабнатина во средината и се додава прашокот за пециво, солта, шеќерот, стопениот путер и јајцата. Се матат со жица за матење и постепено се додава млекото.
Се остава да одмори тестото 1 час.
Се печат во апарат за вафли. Може да се премачка малку апаратот со намрсена салфетка иако не се лепат воопшто при печење.