Бабури полнети со хељда и зеленчук ( посно)
Состојки
- 10 бабури ( пиперки)
- 1 црвена пиперка
- 100 гр хељда
- 3 главици кромид
- 3 моркови
- 3 домати
- по потреба масло
- половина китка магдонос + за украс
- 1 чаша ( 200 мл) доматно пире
- малку топла вода
- по вкус сол и мелен црн пипер
Подготовка
1. Хељдата ја вариме, потоа ја цедиме од водата и чекаме да се излади.
2. Црвената пиперка, кромидот, доматите и магдоносот ги сецкаме, а морковите ги рендаме.
3. Кромидот го запржуваме, потоа ги додаваме пиперката, морковите и доматите и заедно се пржи околу 10 минути.
4. Кон готовата запршката се додава изладената хељда и магдоносот, се посолува и се додава мелен пипер и сето тоа се промешува.
5. Со готовиот фил ги полниме бабурите и ги полеваме со доматното пире идодаваме во тавата малку топла вода иги печеме околу 1 час на 180 степени.
6. Испечените бабури ги украсуваме со ливчиња од магдонос.
Во полнетите бабури наместо хељда може да се става ориз со шампињони.