Моето домашно гиро
Состојки
- 1 кг свински шницли
- 100 мл маслиново масло
- 1-2 лажици сенф
- 1 лажиче кари
- 1 лажиче сушен магдонос
- 1/2 лажиче сушен босилок
- 1/2 лажиче црвен пипер
- 1/2 лажиче оригано
- 1 лажица мешан зачин
- 1 лажиче сол
- малку црн бибер
- 1-2 главици кромид
Подготовка
1. Маринадата се прави од маслиновото масло, сенфот и сите останати зачини
2. Месото се валка шницла по шницла во маринадата и се редат шницлите на едно дрвено стапче за раженчиња
3. На секои неколку шницли на стапчето се прободува и по една кришка кромид
4. Во тава за печење се става месото така на стапче наредено, неколку парчиња кромид околу, ловоров лист и се додава малку вода(околу 100 мл) и се става да се пече
5. Користев готови тортелини во рецептов и ги редев со сецкано месо, кромид, домати, зелена пиперка, зелка, краставици, сенф и помфрит
6. Со гирото испеков и шампињони во фолија