Испечати

Пилешка чорба со праз, брокула и пашканат

Пилешка чорба со праз, брокула и пашканат

Состојки

  • 2 парчиња копан со поткопан
  • 2 гранчиња брокула
  • 1/2 страк праз
  • 1 пашканат
  • 2 моркова
  • 1 компир
  • 1 главица кромид
  • 1 рака фиде за супа
  • 2 лажици сушен магдонос
  • 1/2 лажиче црн бибер
  • 1 лажиче јадра сол
  • 2 лажици сушен зеленчук
  • 3-4 литри вода

Подготовка

1. Сите состојки заедно се ставаат да се сварат (освен фидето)
2. Месото се чисти од коските, ситно се искинува на парчиња
3. Целиот зеленчук се става во Делимано чоперот да се испасира
4. Повторно се враќа се во тенџере и се става да зоврие
5. Се додава фидето, се вари уште околу 5 минути и се трга од огин
6. Откако малку ке се подизлади може да се додаде 1-2 матени јајца (овој пат јас не ставив)