Маринирани ребра
Состојки
- 1 кг ребра
- 5-6 заб. лук
- 500 гр кисела вода
- 2 главици кромид
- 200 гр црвено вино
- 5-6 компири
- 3 моркови
Подготовка
Ребрата посолете ги, ставете зачини, додадете изрендан лук, ситно сечкан кромид и се убаво измешајте.
Во ребра ставете кисела вода и вино. Со ова маринада ставете ги ребрата во фриждер на една ноќ.
Другиот ден ставете ги ребраta во тепсија, турете зејтин малку водичка и ставете да се пече.
Kога ќе се подпечат ребра, ставете сечени компири и моркови и пак нека се печат додека се не се испече.