Посен колач со јаболка и ореви
Состојки
- 1 кг јаболка
- 300 гр брашно
- 200 гр шеќер
- 200 мл масло
- 200 гр сечкани ореви
- 180 мл вода
- 100 гр суво грозје
- 1 лажица гриз
- 1 лажица какао
- 1 паковка ванилин
- 1 паковка пециво
Подготовка
1. Водата, маслото, шеќерот, гризот, пецивото, ванилинот, какаото, оревите, сувото грозје и брашното ги промешуваме додека смесата не се соедини.
2. Јаболката ги лупиме и ги рендаме и ги додаваме кон смесата и промешуваме.
3. Ја нанесуваме смесата во со масло намрсена и набрашнета тава бр.34 и ја печеме 45 минути на 180 степени.
Изладениот колач се сецка на коцки.