Испечати

Полнети кременадли со млечен сос и зачинет компир

Полнети кременадли со млечен сос и зачинет компир

Состојки

  • За подготовка на кременадлите
  • 6 кременадли
  • 2 лажица сенф
  • 6 суви домати во масло
  • 1 -2 лажици рендано биено сирење
  • 1 гранче рузмарин
  • 4-5 ливчиња свежа жалфија
  • 3-4 чешниња лук
  • 1-2 лажици вода
  • по потреба сол, црн бибер
  • Сос
  • 1 лажичка путер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1/4 главица кромид
  • 150-200мл. неутрална павлака за готвење
  • 1 неполна црпалка зеленчукова супа
  • 1/2 лажичка куркума
  • по потреба сол, црн бибер
  • За подготовка на компирите
  • 6-7 компири
  • 1 гранче рузмарин
  • 1/2 лажичка копар
  • 1/2 лажичка пикантен црвен пипер
  • 1 лажичка путер
  • по потреба масло, сол, бибер
  • 350гр. свежи шампињони

Подготовка

Најпрвин исецкајте ги сувите домати и измешајте ги со ренданото сирење.
Секоја кременадла странично засечете ја и направете џеб.
Наполнете ги со мешавината од суви домати и сирење.
Убаво со раце притиснете ги да се распореди полнењето.
Посолете ги кременадлите, наросете црн бибер и премачкајте ги со сенф.
Во тава на оган ставете масло, ливчиња жалфија и гранче рузмарин.
Ставете ги и кременадлите.
Пржете ги на среден оган додека убаво се запржат.

Лукчето истолчете го и измешајте го со водата, а потоа со него премачкајте ги штотуку испржените кременадли.

Подготовка на сосот
Во тава на оган ставете го путерот и маслото.
Додајте го ситно ренданиот кромид и кратко пропржете.
Налејте ја и супата и оставете да поврие(не оставајте да изврие цела).
Додајте ја павлаката за готвење, куркумата, сол и малку црн бибер.
Оставете сосема малку да проврие.

Подготовка на компирите
Компирите излупете ги и исечете ги на парчиња.
Ставете ги да се варат(внимавајте да не ги преварите, нека останат малку недоварени), а потоа исцедете ги од водата.

Во тава на оган ставете масло, путер и гранче рузмарин.
Откако ќе се загреат ставете ги компирите, копарот, црвениот пипер, малку сол и црн бибер.
Пржете ги на тивок оган.

Во друга тава испржете ги шампињоните исечени на половинки.

Во чинија за сервирање ставете кременадла посипана со сосот, компири и печурки.
Во комбинација со ова одлично оди чаша црвено вино.

Ова беше нашиот овогодишен Божиќен ручек.
Среќни празници на сите!