Грав во сос со копар
Состојки
- 300 гр грав со големо зрно
- 2 главици кромид
- 2 моркова
- 2-3 чешниња лук
- 300 мл сок од домати
- 1 лажица исечкан копар
Подготовка
Сварете го гравот со морковот и едната главица кромид. Исцедете го.
Другата главица кромид испржете ја, додајте го лукчето, сокот од домати и гравот и оставете го да издинста некое време додека се згусти. Зачинете, додајте го копарот, измешајте... тоа е тоа, потоа уживајте...