Салата со пилешко и ананас
Состојки
- 500 гр пилешко
- 350 гр конзервиран ананас
- 4 јајца
- 4 компири
- 250 гр кашкавал
- 3 моркови
- по потреба мајонез
- по вкус сол
Подготовка
1. Пилешкото месо и јајцата ги вариме.
2. Исто така компирите и морковите се варат со лушпа, потоа се лупат.
3. Кашкавалот го рендаме.
4. Наведените состојки ги сецкаме на ситни парчиња и ги посолуваме , потоа ги промешуваме заедно со мајонез.
По желба кашкавалот може да се сецка на коцки.