Испечати

Бадников овошен колач

Бадников овошен колач

Состојки

  • 4 чаши брашно
  • 100 гр шеќер
  • 3 лажици масло
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 прашок за печиво
  • 4 лажици мармалад (од сливи)
  • 200 гр ореви
  • 100 гр брусница
  • 100 гр суво грозје
  • 100 гр смокви
  • 100 гр урми
  • 2 портокали
  • 2 мандарини
  • 1 лимон
  • 300-350 мл минерална вода (по потреба)
  • по желба шеќер во прав

Подготовка

1. Во поголем сад се ставаат сувите состојки (брашно, шеќер, цимет, сода бикарбона, прашок за печиво) и се мешаат.

2. Потоа во садот се додаваат маслото, сецканите ореви, сувото овошје и мармаладот.

3. Се ренда кора од лимон и портокал и исто така се додава во садот.

4. Портокалите, лимонот и мандарините се цедат и сокот се додава во садот.

5. На крај се додава минерална вода и убаво се меша додека смесата не се соедини.

6. Калапот за печење се премачкува со масло и во него се става добиената смеса.

7. Се пече 45-50 минути на 175 степени.

* Колачот е преполн со вкусови, но по желба пред сервирање можете да ги полиете парчињата со сок од цеден портокал, им дава посебна сочност.