Испечати

Печена свинска коленица со темно пиво

Печена свинска коленица со темно пиво

Состојки

  • 2 свински коленици
  • 2 главици кромид
  • 150 мл. темно пиво
  • 1 мала лажица сенф во прав
  • 2-3 гранчиња свежа мајчина душичка или 1 мала лажица сува
  • 1/2 мала лажица ким во прав
  • 1/2 мала лажица црн бибер
  • 1 мала лажица црвен пипер
  • 1 мала лажица кафеав шеќер
  • 2 големи лажици масло
  • По потреба сол

Подготовка

Колениците се ставаат во тенџере со вода на оган и се варат додека месото омекне и лесно се дели од коската.
Кромидот се сечи на полукругови и се става во тавичката за печење, а зачините се ставаат во една чинија и  се додава маслото, се промешуваат да се соединат. Со подготвената смеса од зачини се премачкуваат колениците и се ставаат во тавичката со кромидот и му се додава ½ од темното пиво. Се става во рерна загреана на 160-170 степени додека да испари течноста и потоа му се додава втората половина од пивото, се остава во рерна до повторно редуцирање на течноста.