Испечати

Божиќен леб - Штолен

Божиќен леб - Штолен

Состојки

  • 350-400 гр. брашно
  • 125 гр. путер
  • 90 гр. шеќер
  • 150 гр. кисела павлака или крем сирење
  • 2 помали јајца
  • 1/2 прашок за пециво
  • 1 ванила или 1/3 мешунка од ванила
  • Прстофат сол
  • Дополнително
  • 40-50 мл. темен рум
  • 100 гр. бело суво грозје
  • 100 гр. црно суво грозје
  • 50 гр. сушен ананас
  • 30 гр. кандирани корички од лимон
  • 100-120 гр. кандирани корички од портокал
  • 150 гр. марципан
  • За валкање
  • 100 гр. путер
  • 200-250 гр. шеќер во прав

Подготовка

Прекрасен празничен леб кој со својата форма го симболизира малиот Исус завиткан во пелена.
Од состојките за тестото се замесува тесто на кое што му се додаваат претходно накиснатите во рум најмалку 2-3 часа суви овошја и кандираните корички од лимон и портокал.
Се замесува да се соедини и се остава во фрижидер за 30-40 минути.
Готовото тесто се расукува, во едниот агол се става марципанот и тестото се преклопува по начинот покажан на сликите. Готовиот штолен се става во тавичка за печење и се става во претходно загреана рерна на 170 степени, се печи 60-80 минути, ако има потреба се става хартија за да не изгори горниот дел на штоленот.
Готовиот штолен се вади од рерна и уште топол се премачкува со путер и обилно се посипува со шеќер во прав, при што се притиска за шеќерот да се залепи за штоленот.