Мафини со полнење
Состојки
- 2 јајца
- 1 чаша (150мл) шеќер
- 10 лажици масло
- 200 мл кисела павлака
- 1 чаша гриз
- 1 чаша брашно
- 1 пециво
- За полнење
- 300 мл млеко
- 3 лажици шеќер
- 1 пудинг (чоколаден или нугат)
- Ганаш
- 200 мл слатка павлака
- 200 гр чоколадо со висок % какао
Подготовка
Изматете ги јајцата со шеќерот, додајте го маслото и павлаката, а на крајот гризот и брашното во кое сте го измешале пецивото.
Рерната загрејте ја на 200 степени.
Во калапот за мафини, ставете корпиња и наполнете ги 2/3 со смесата.
Ставете го калапот во загреана рерна, нека пече само 5 минути и извадете го. Во секој мафин ставете по 1 лажиче од сварениот и изладен пудинг.
Вратете го калапот назад во рерната додека не се испечат мафините.
Павлаката сврелете ја и турете ја врз чоколадото. Измешајте убаво и кога ќе се олади, со шприц декорирајте ги мафините.