Кисела бамја
Состојки
- 1 кг бамја
- 800 мл вода
- 400 мл бела киселина
- 1 чаша шеќер (250 мл)
- 1 филџан сол (70 мл)
Подготовка
Бамјата се чисти, се сечат дршките и се реди во тегли со врвовите надолу. Од оваа количина излегуваат 3 тегли од големите.
Течноста ставете ја да зоврие и кога ќе биде млака наполнете ги теглите.
После 1 месец е подготвена за јадење.