Испечати

Десерт Кескул со гриз и бадеми

Десерт Кескул со гриз и бадеми

Состојки

  • 1 литар млеко
  • 200 гр шеќер
  • 250 гр гриз
  • 150 гр кокос
  • 80 гр сечкани бадеми
  • 1 јајце
  • 1 лажица екстракт од бадем

Подготовка

1. Ги зовриваме 600 мл млеко и шеќер. Јајцето го додаваме во садот со преостанатото млеко и го мешаме со жица, додаваме гризот и непрекинато мешајки со жицата смесата ја додаваме во зовриеното млеко.
2. Потоа ги додаваме кокосот, бадемите и екстрактот од бадеми. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме на страна.
3. Десертот треба да се излади, а потоа се украсува со сечкани бадеми и ореви.

Доколку не сакате густ десерт, можете да го ставате помалку гриз.