Интегрални крекери
Состојки
- 1 чаша интегрално брашно
- 1 чаша ржано брашно
- 1 чаша бело брашно
- 1 прашок за пециво и на врв на нож - сода бикарбона
- 1 лажичка сол
- 1 чаша маслиново масло
- 1 чаша пиво
- 100 гр. сончоглед
- 100 гр. сусам
- 100 гр. ленено семе (мелено)
- по 30 гр. афион, ким и чорекот (црн ким)
Подготовка
По новогодишните гозби и во пресрет на Бадник, еве еден рецепт за посни интегрални крекери.
Сите состојки се мешаат и замесуваат во тесто. На побрашнета површина, тестото се расукува до 1/2 см и се сече во разни форми. Крекерите се печат на хартија за печење, во рерна загреана на 200 степени, околу 20-25 минути.
Крекерите се убави за грицкање, но и како прилог со разни салати и намази.