Сос за скара - BBQ сос
Состојки
- 1 филџан кечап
- 1/4 филџан јаболков оцет
- 1/4 филџан вода
- 2-3 големи лажици ворчестер сос
- 2 големи лажици темен кафеав шеќер
- 1 мала лажица каенски или лут црвен пипер
- 1/2 мала лажица пушен црвен пипер
- 1/2 мала лажица ситно мелена печена сува пиперка
- 1/3 мала лажица мелен ким
- 1/3 мала лажица црн бибер
- 1/2 мала лажица сенф во прав
- 1/2 мала лажица ситно рендан лук
- 1/2 мала лажица ситно рендан кромид
- 1 каранфилче
- По потреба сол
Подготовка
Еден прекрасен сос за скара и печено месо, лесен за подготовка и многу вкусен.
Во една касерола се ставаат сите состојки и се промешува да се соединат, касеролата се става на тивок оган, по 10-ина минути се отстранува каранфилчето (пробајте го сосот и преценете сами).
Сосот се вари 30-40 минути на тивок оган.