Крофни храбро срце (полнети со крем)
Состојки
- за крофните
- предтесто
- 20гр свеж квасец
- 180мл кисела вода
- 100гр брашно
- 1/2лажиче шеќер
- основно тесто
- 1/2лажиче сол
- 70гр растопен путер
- 4 жолчки
- 70мл млеко
- 350-380гр брашно
- крем за полнење
- 200мл слатка павлака
- 550 мл млеко
- 1 пудинг со вкус на ванила
- 3лажици густин
- кора од портокал
- кора од лимон
- 1 ванила
- 1 жолчка
- по желба шеќер за посипување
Подготовка
Прво во еден сад се соединуваат состојките за пред тестото.
Се промешува и убаво нека скисни квасецот.
Потоа постепено се додаваат жолчките, солта, растопениот путер, млекото и по малку од брашното.
Се замесува не лепливо тесто.
Се покрива со чиста крпа и се остава да кисни 30 минути.
Потоа се става на маса и се сучи кора со дебелина од 1 цм.
Со помош на калап срце се вадат форми и се редат на послужавник.
Додека киснат 10-15 минути се спрема кремот.
Во сад се раствораат пудингот и густинот со половина количина од млекото.
Остатокот на млеко се става заедно со шеќерот на шпорет.
Се додава спремената смеса од густин и пудинг, кората од лимон, портокал, жолчката, ванилата.
Се вари на тивко до згуснување.
Се промешува да се излади и кремот да не фати кора.
Сега се мати слатката павлака и се додава кај изладениот крем.
Убаво со миксер се спојуваат.
Сега на умерен оган се пржат крофните да поруменат од двете страни.
Кога се спуштаат во маслото сами се накреваат.
Преубаво се пржат.
Се редат на хартија.
Потоа во средината се засекуваат со нож и со помош на шприц се полнат со кремот. Се декорираат со мента.
По желба може да се наросат со шеќер во прав, но ние тоа не го дочекавме, право дегустиравме.
Пробајте ги преубави се.
Остатокот од белките искористете го за падобранци, целувки, безе кора за торта........