Испечати

Видео рецепт: Наградуван кoлач со јапонски јаболка

Видео рецепт: Наградуван кoлач со јапонски јаболка

Состојки

  • Ќе ви треба (шолја=240 мл.):
  • 2 шолји пулпа од јапонски јаболка (околу 5 јаболка)
  • 1 шолјa шеќер
  • 2 +1/2 шолји млеко
  • 1 лажичка сок од лимон или јаболков оцет
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 2 шолји брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1/2 мелен цимет
  • прстофат сол

Во пресрет на Божиќните празници, Фичо ќе ни покаже рецепт за многу вкусен колач со јапонски јаболка, кои во моментот ги има во изобилство.

Подготовка

Чекор 1: Загрејте ја рерната на 175 степени. Млекото промешајте го со киселина за да добиете „батермилк“.

Чекор 2: Во поголем сад за матење ставете ја пулпата од јаболката и додадете го шеќерот.

Чекор 3: Во друг сад ставете го закиселеното млеко, додадете сода, брашно, пециво, цимет и прстофат сол. Во сувата смеса постепено додавајте ја течната смеса и мешајте додека не се соедини.

Чекор 4: Тавата премачкајте ја со путер, сипете ја смесата и печете 1 час.

Чекор 5: Сервирајте со изматен шлаг!

СОВЕТ: Овој колач има помека внатрешност, но таков и треба да биде. Оставете го да се излади и тогаш има уште подобар вкус.