Ароматично пилешко
Состојки
- 1.5 кг пиле
- 2 лажици доматен сос
- 2 лажици бело вино
- 1 лажица мелен црвен пипер
- 1 лажичка оригано
- 1 лажичка сув рузмарин
- 1 лажичка сув магдонос
- 1 лажичка лук во прав
- по потреба маслиново масло
- по потреба сол и црн мелен пипер
Подготовка
1. Ориганото, магдоносот, лукот, црвениот пипер, доматниот сос, белото вино, солта, црниот пипер и 4 лажици маслиновото масло ги промешуваме.
2. Пилето го сечеме на парчиња и ги ставаме во маринадата. Промешуваме и оставаме да отстојат 1 час во фрижидер.
3. Ги вадиме парчињата пилешко од садот со маринадата и ги редиме во тава за печење обложена со хартија. Врз нив ја нанесуваме преостаната маринада, попрскуваме маслиново масло и ја печеме прво 10 минути на 200 степени, потоа уште 30 минути на 180 степени.
Послужите ги со варени компири, со зеленчук или гарнир по ваша желба)