Торта со вишни (посно)

Состојки
- 5 чаши брашно
 - 1 чаша гриз
 - 4 чаши шеќер
 - 5 чаши газирана вода
 - 2 чаши зејтин
 - 1 пециво
 - 1 чаша кокос
 - 600гр вишни
 - 1 лажица какао
 
Подготовка
Сувите состојки се ставаат во подлабок сад. Се додава зејтинот и газираната вода и смесата убаво се меша. Се дели на половина и првиот дел се става да се пече во подмачкан плех.
 Вишните се цедат во решетка за да не ја разводнат-омекнат тортата. Од како ќе се запече половината тесто се редат вишните и врз нив се истура втората половина од тестото. Се наросува со какао и полека со вилушка се промешува. Се враќа назад во рерна да се допече.
 Сокот кој се исцедил од вишните се зоврива со малку шеќер да згусне и со тој прелив се премачкува тортата. Убава, освежителна посна торта.