Салата со чаден мисиркин батак
Состојки
- 1/2 кинеска зелка
- 4 парчиња млад кромид
- 1 црна трупка
- 4-5 ротквици
- 200 гр чаден мисиркин батак
- неколу црни маслинки
- по потреба маслиново масло
- по потреба сол
- по потреба оцет
Подготовка
1. Кинеската зелка, младиот кромид, црната трупка и ротквиците се сецкаат и се зачинуваат со маслиново масло, сол и оцет.
2. На крај се додаваат маслинките и чадениот мисиркин батак исечен на мали коцки.
* Црната трупка е лута, па внимавајте колку ќе ставите во салатата.