Рестуван компир со сусам (посно)
Состојки
- 1 кг. компири
- 3 моркови (средно големи)
- 2 главици кромид
- 4 лажици сусам
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 лажица мешан сув зачин
- црн пипер, масло
Подготовка
Едноставно, лесно, посно и вкусно. Може да биде прилог или пак самостоен оброк.
1. Компирите се мијат убаво и се варат заедно со исчистените моркови. Компирите не треба да се преварат.
2. Кромидот се сечка, се додаваат варените моркови исечкани на кругчиња и се динста заедно со масло и вода.
3. Кога ќе испари водата и кромидот е подиспржен, се додава излупениот варен компир исечкан на коцки, се става мешан сув зачин, малку црн пипер, сусамот и се пржи мешајќи додека компирот да порумени.
4. Пред крај се додава црвениот пипер и кратко се пржи, мешајќи да не прегори пиперот. Се служи топло и се посолува по потреба.