Испечати

Вегански шлаг

Вегански шлаг

Состојки

  • 100мл течност од конзерва од грав (црвен или бел) или од наут
  • 100гр стевиа или шеќер
  • малку ванила

Подготовка

Ова е рецепт за сите оние кои постат или внимаваат на својата линија, еден вкусен шлаг за кој треба упорност да се направи, но е многу едноставен. Можете да ја чувате исто водата во која сте го вареле наутот. Јас овој пат го правев од течноста од црвен грав, па затоа малку има розева нијанса на сликата.
Се ставаат во пластичен сад и се матат повеќе време, треба упорност (10-15 мин) додека не се добие црвст шлаг. И тоа е тоа, можете да украсувате торти, мафини или да си јадете со лажица