Старинско посно благо со локум
Состојки
- 100 мл масло
- 100 мл бело вино
- 1 пакетче пециво
- околу 1 кг брашно
- 150 - 200 г локум
- по потреба ореви
- по потреба шеќер во прав
Подготовка
1. Виното, маслото, пецивото се замесуваат со брашно.
2. Добиеното тесто се дели на 2 дела. Од двата дела се прави кругови и се сечат на повеќе триаголници на кои се ставаат локумите со ореви. Потоа се завиткуваат и се редат во тавче обложено со пекарска хартија.
3. Благцата се печат на 200 степени околу 20 минути. Печените благца се чека да изладат и се посолуваат со шеќер во прав.
Наместо локум и ореви може да се стави мармалад од кајсија, слива или смоква.