Бавно готвена телешка кртина
Состојки
- 2 кг телешка кртина
- 7-8 чешниња лук
- 2 главици кромид
- 7-8 моркови
- 1 пашканат
- 6-7 гранчиња рузмарин
- 300 мл бело вино
- 700 мл телешки бујон
- Маринада
- 50 мл маслиново масло
- 2 лажички морска сол
- 30 гр свеж рузмарин
- 2 лажички црвен пипер
- прстофат мелен бибер
- 1 лажичка оригано
- 3 лажици соја сос
- 1 лажичка чили во прав
Подготовка
1. Телешкото месо се засекува на неколку места со врвот од ножот и се ставаат цели чешниња лук.
2. Во посебен сад се мешаат сите состојки за маринадата и со нив се премачкува целото парче месо кое се остава да отстои 1 час.
3. Месото се пржи од сите страни додека добие кафеава боја.
4. Тавата за печење се обложува со хартија, се ставаат кругови кромид, парчиња морков, пашканат и гранчиња рузмарин и врз нив се става телешката кртина. Во тавата се ставаат и 700 мл телешки бујон и 300 мл бело вино.
5. Се пече 20 мин на 240 степени, а потоа се намалува на 180 степени и се пече уште 2 и пол часа.
На здравје!