Тиква леб
Состојки
- 150 г изгмечена варена тиква
- околу 2.5 чаши ( 200 мл) брашно
- 50 мл топла вода
- 50 мл сок од цеден портокал
- 50 мл масло
- 20 г семки од тиква
- 2 лажици шеќер ( или мед)
- 1.5 лажичка сув квасец
- 0.5 лажичка сол
Подготовка
1. Сите состојки се замешува и тестото се става во топло место за да стаса. Стасаното тесто повторно се замесува и пак се чека да стаса.
2. Со подебел конец натопен во масло го завиткуваме тестото да добие форма на тиква, потоа го ставаме во тавче покриено со фолија и чекаме повторно да се крене.
3. Лебот се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути.
Завиткувајки го лебот внимавајте да не го затегате конецот.
Лебот се покрива со фолија кога ќе почне да ја сменува бојата да не изгори.