Ванилици со лимон и џем од вишни
Состојки
- тесто
- 500 гр брашно
- 200 гр шеќер
- 200 гр маргарин
- 100 мл кисела павлака
- 2 јајца
- 1 ванилин шеќер
- 1 лимон
- уште
- 200 гр џем од вишни
- 100 гр кандирани цреши
- 50на гр шеќер во прав
Подготовка
Ставете ги сувите состојки во длабок сад за месење и измашајте ги.
Изрендајте ја кората од лимонот, па и неа додадете ја. Сокот исцедете го на страна.
Додадете го омекнат маргаринот, киселата павлака и јајцата и измесете.
На крај постепено додавајте од лимоновиот сок и домесете. Започнете со сок од пола исцеден лимон, па потоа регулирајте ако е потребно додавање. Доколку не сакате да ставате многу сок од лимон, можи да додадете 1-2 лажици масло покрај половинката исцеден лимон.
Откако тестото убаво е измесено, се расукува врз набрашнета површина со дебелина од отприлика 4 мм и со калапче се сечат форми, половина цели, а половина со засечен круг во средината.
Се печат на 170С околу 20 мин. , се внимава да останат бели.
Се лепат со мармалад од вишна (секако дека можи и со таков каков имате и сакате) и одозгора во отворот се става по половинка кандирана цреша.
Пред да почните со лепење, колачите со дупка предходно поросете ги со шеќер во прав.
Овие колачи, затворени во кутија, можат да стојат подолго време.