Розен торта со домашни кори (посно)
Состојки
- за кори
- 200гр маргарин
- 100мл вода
- малку сода бикарбона
- 2 лажици шеќер
- околу 300гр брашно
- за фил
- 300гр шеќер
- 150мл вода
- 300гр мелени ореви
- 200гр маргарин
- 100гр чоколадо
- 1 ванила
- за глазура
- 200гр шеќер во прав
- 4 лажици врела вода
- пола лажичка масло
- екстракт од малина, боровинка
- по желба црвена боја
Подготовка
Одличен рецепт за розен торта со домашни розен кори посно и идеално за престојните празници. Потребно повеке време да се направат но вреди.
Се месо мазно тесто од сите состојки и се дели на 7 дела. Од секој дел на мрсна хартија се сучи многу танка кора и заедно со хартијата се става на плех да се печи кратко време(180степени околу 5мин) треба корите да останат бели) Се покриваат убаво и се оставаат да се изладат.
Се вари шербет од шеќерот, водата и ванилата. Откако ќе поврие 5мин се додаваат мелените ореви и чоколадото. Откако ќе се олади смесата се додава на 200гр изматен маргарин.
Секоја од корите се премачкува со филот освен последната. Се остава преку ноќ одозгора, се става мрсна хартија и нешто тешко за убаво да се спојат корите со филот. Наредниот ден се прелива со шеќерната глазура.
Шеќерна глазура-се мешаат сите состојки и се прелива тортата.